Еклатантно кршење на поделба на власта, оценува адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска за постапувањето на институциите при бегството на Сашо Мијалков, поранешен прв човек на УБК, сега обвинет за масовното прислушкување во предметот „Таргет Тврдина“.
Триумф ќе го наречеме ако сметаме дека Заев или премиерот на државата треба во Влада да координира институции кои по закон треба да бидат искоординирани, со оглед на тоа што тоа е законска определба, доколку премиерот ги координира овие служби и службите од јавното обвинителство и од судот, прави упад во власта, тоа не можеме да го наречеме триумф, туку тоа можеме да го наречеме само пораз на демократијата, рече адвокатката во вчерашната „Топ тема“.
Таа вели дека тој упад е пораз на основното начело на демократијата а тоа владеење на правото, а овие два дена се доказ како владеењето на правото може да биде прекршено по повеќе основи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.