Организацискиот секретар на Движењето БЕСА, Аднан Азизи преку статус на „Фејсбук“ реагираше по веста дека се формира ново парламентарно мнозинство.
Азизи смета дека функционерите и лидерот на ДУИ не ја послушале пријателската сугестија на Касами да си заминат како победници од политичката сцена, а не сега како губитници.
Пријателската сугестија на претседателот Билал Касами да се пензионираат како победници се претвори во непромислен напад врз Движењето БЕСА. Како што ви кажавме да го предадете „Калето“ (Тетово) пријателски бидејќи ќе се посрамите не нѐ послушавте, сега истото ќе ви се случи. Ќе си заминете од политичката сцена како губитници и засрамени! „Game Over“, напиша Азизи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.