Една година по приемот во НАТО, Македонија наместо да ги ужива економските придобивки од членството, заглави во процесот за набавка на вакцини. Командантот на сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол, адмирал Роберт Бурк вели дека Алијансата размислува како да помогне, но засега нема конкретно решение.

Сметам дека веќе бројот на одобрени вакцини се повеќе се зголемува. Минатата недела беа одобрени дополнителни, а можностите за произведување исто така се зголемуваат, така што се зголемува и можоста за производство на се повеќе вакцини и ќе имаме можност да помогнеме да се олесни овој процес. Разгледуваме неколку опции, незнам која ќе биде избрана, но се работи динамично на тоа бидејќи ја разбираме ситуацијата на сите земји, а и сфаќаме колку е тоа важно за вас.

Адмиралот кој е во посета на нашата земја по повод годишнината од приемот  во Алијасата даде целосна поддршка за процесот на реформите во воениот и оптествен сектор. Тој се сретна и со премиерот Заев каде добил уверување дека Владата продолжува да инвестира во Армијата со буџетска поддршка која расте дури и во време на пандемијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.