Попрофесионална администрација со нејзино реорганизирање и со намалување на бројот на вработени, најави министерот за информатичко опшеттсво и администрација Јетон Шаќири, кој смета дека системот за наградување во овој сектор треба да се ревидира за да се обезбедат поконзистентни нивоа на плата и да се промовира мобилноста.
Во отчет за првите 100 дена од работата на ресорот што го раководи по изборот на новата Влада, Шаќири ги претстави почнатите промени на законите за административни службеници, за вработените во јавниот сектор и за висока раковиодна служба, посочувајќи дека се врши нивно усогласување.
– Усогласувањето се прави во таа форма што сите работни групи ги разгледуваат на еден поширок начин сите засегнати страни во администрацијата, што се однесува до актите за систематизацијата, на годишните планови, што се однесува до реорганизацијата, мобилноста, размените, трансферите итн. Со новите промени ќе се направи попрофесионална администрација, поблиска до граѓаните, рече Шаќири.
Намалување на бројот на вработени во јавниот сектор, посочи тој, е определба на Владата во четиригодишен мандат. – Во почетна фаза сме на реорганзиација или на првиот извештај за реорганзизација на органите на државна служба каде се подразбира по првата фаза да имаме втора фаза и ќе имаме институции кои ќе се оптимизираат, намалување на институции, на компетенции итн. Моделите се уште не се дискутирани, но по реорганзиацијата кога ќе дојде време ќе се дискутираат, но никогаш нема да бидат на товар на вработените и ќе бидат за нивно напредување, истакна Шаќири и најави дека по реорганизацијата ќе се анализра и вкупната бројка на привремените вработувања.
Тој информираше дека веќе се почнати процедурите за распоредување на вработените според Рамковен договор, потенцирајќи дека процесите на признавање на нивните факултети е во почетна фаза и нивната систематизација одзема време. – Ова е значаен процес и верувам дека сите ќе се систематизираат на соодветен начин и оти ќе нема такви кои нема да го прифатат понуденото работно место. Тоа е индивидуално прашање, може да имаме разлики, може да имаме раскинување на договорите поради одредени причини, сето ова зависи од органите кои одлучуваат за тоа, рече Шаќири, прашан за можноста вработените по Рамковен двапати да одбијат пондена позиција во некоја од институциите
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.