Поранешниот министер за образование и наука Арбр Адеми во вечерашното гостување на ТВ24 рече дека останува на ставот дека учебната година треба да биде со физичко присуство на учениците.

Секако дека останувам на тој став и уште тогаш како министер реков дека организирање и реализирање на учебната година со физичко присуство нема замена и треба храбар чекор да преземеме во овој правец и да очекувме кои ќе бидат предизвиците од организирање на наставата со физичко присуство, рече Адеми.

Во овој период, вели дека меѓуинституционалната соработка е клучна особено со Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести и дека очекува и посакува наставата да се организира со физичко присуство.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.