Пратеникот на Демократската унија за интеграција Арбер Адеми на денешната прес-конференција во парламентот информира дека во моментот се разгледуваат вкупно 2.674 барања за државјанство.
– Поседувањето валидни документи во Управата за водење со матични книги е суштината на преговорите во функција на креирање основ за стекнување на државјанството. Процесот е веќе започнат и тоа во соработка со Управата за водење со матични книги, МВР и Министерството за правда. Во 2019 година имало само 426 Албанци во постапка за стекнување на државјанство. Во 2020 нивниот број бил 440, а во првите три месеци од оваа година има 103 апликации. Во последните 4 години доделени се државјанства на 2.371 Албанци, а вкупно 223 се одбиени, посочи тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.