Цели паралелки од основни и средни училишта се пријавувале дека немаат смарт уред за следење на настава од дома преку интернет, откри министерот за образование, Арбер Адеми.
Ние обезбедивме податоци од Министерството за труд и социјална политика за обезбедување на бесплатен интернет. Повеќе од 18.400 социјално загрозени семејства, а кои имаат деца со статус на ученик ќе добијат бесплатен интернет по 10 гигабајти, секој месец. Имавме побарано информации и податоци од училиштата за тоа колку деца немаат ИТ уред, но за жал, тие бројки не се баш реални според нашето мислење, бидејќи се пријавиле цели класови дека немаат ИТ уред, смарт телефон, таблет или лап-топ. Така што, со потенцијалните донатори и последниот донатор кој низ општините ги распредели ИТ уредите, разговаравме за социјално-загрозените семејства, каде градоначалниците ќе треба да распределат околу 3.000 таблети. Со ова се ублажува бројот на тие деца кои немаат современ ИТ уред со кој би ја следеле наставата односно, учењето од далечина, рече Адеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.