Не се три, има повеќе држави во Европската унија кои се против „погрешно толкување на историјата“, изјави Едмонд Адеми, советник на премиерот за надворешна политика, во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21, зборувајќи за денешната одлука на три членки во ЕУ да застанат на страната на Македонија со тврдење дека на Унијата премногу и попушта на Бугарија.

Не се само овие три земји, Австрија, Чешка и Словачка, има и други земји кои се на вакво стојалиште, но ете само овие три беа гласни во презентирање на ставот. Ставот на овие три држави околу погрешната интерпретација на историјата праќа порака во смисла, сите кои сме учеле историја знаеме дека Европа има испреплетена историја и тешко е да се дефинира што е што, и дека погрешната интерпетација може да создаде проблеми и во самата ЕУ, па покрај проблеми со буџетот, Ковид, Брегзит, да имаат потреба од отворање на други големи прашања, па пораката е дека толкувањето на историјата да се остави на историчарите, а политичарите да ја интерперитраат сегташноста и да создаваат иднина, вели Адеми.

Додава дека не би посочил друго име, од друга држава која го има истиот став како посочените три држави, но вели дека е јасно оти сите членки на ЕУ се на наша страна.

Кога сите држави беа за усвојување на преговарачката рамка, само една држава беше против. Имаше серија на чекори кои се случуваа и стартот на преговорите требаше да биде круна на сето она што беше направено во изминатиот период, рече Адеми.

Посочува дека постојат определени разочарувања кај граѓаните и тие се оправдани во оваа фаза и дека неносењето на одлука за почеток на преговори го нарушува и кредибилитетот на самата Европска Унија.

Пораките кои се испраќаат од Брисел кон државите кои се аспиранти не се добри, а Македонија е позитивен пример на Балканот, и ако најдобриот во регионот не може да се приклучи од непринципиелни причини, како да очекувакме дека некогаш ќе се договорат Србија и Косово,или како ќе се надмине внатрешната ситуација во Босна, па и Црна Гора. Кредибилитетот на самата институција се руши. Кога вакви одлуки се носеле и порано, рејтингот на ЕУ се менувал, имала поддршка и до 90 отсто кај нас и затоа сакам да верувам дека сепак мнозинството граѓани сме за ЕУ, затоа што нашата држава нема алтернатива, изјави Адеми.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.