На прстите од двете раце може да се избројат дивоградбите од типот на куќи, угостителски објекти или хотели во заштитениот појас во Охрид. Според градоначалникот, најголем дел од тие дивоградби се гаражи, огради или некои дополнителни скали, вели министерот без ресор Едмонд Адеми во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Прво, хистеријата во јавноста околу тоа дека Охрид може да стане дел од таа листа на загрозено културно и природно богатство на УНЕСКО не ја направи владата. Второ, владата и сега во оваа ситуација на тие разговори во Баку што јас ги имав, не само со земјите членки на комитетот, туку и со двете експертски организации во рамките на УНЕСКО, ИКОМОС и УСЦН, договорена е експертска поддршка. Ги слушам тезите дека ќе сме добиеле и пари за колекторот. Еден колектор чини меѓу 20 и 30 милиони евра, изградбата на нов колектор во Охрид. Тие пари УНЕСКО ги нема да ви ги даде, затоа владата, знаете со нова одлука, формира ново претпријатие, кое колекторскиот систем го презема под своја капа, што до вчера беше под капата на општините, и во рамките на Буџетот оваа година планираме околу 4,5 милиони евра да вбризгаме во репарација и реновирање на пумпите, нови пумпи за колекторот, а од догодина целосно, заедно со Европската банка за развој, со Европската унија и со други институции, да можеме да ја финансираме целосно изградбата на новиот колекторски систем. Така што, целата експертска помош од УНЕСКО воопшто не е спорна, и сега ќе ја добиеме и јас ја побарав таму на средбите и ќе ја добиеме за секоја работа и потреба што ќе имаме во текот на реализација на препораките и тоа воопшто не е спорно. Напротив е добредојдено, вели Адеми во неделното интервју за Радио Слободна Европа.
Целото интервју ТУКА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.