Претставникот од ДУИ Арбер Адеми од втората изборна единица, вечерва во изборната дебата на ТВ21, вели дека ДУИ ќе победи и токму нивната партија ќе биде и клучот за формирање влада.

Ние веруваме дека на овие избори нема да бидеме само победници, туку ќе бидеме и одлучувачки победници и клуч за формирање на идната влада која ќе следи по 15 јули со политички договор и ова не е условување. И не треба да бидат загрижени двете македонски политички партии. Ако сакаме оваа земја да биде еднаква за сите со еднакви можности за сите, не треба да се грижиме за тоа дека еден Албанец ќе биде премиер. Никој го нема ексклузивитетот во етнички аспект за клучните позиции. Тоа што Талат Џафери стана претседател на Собранието, дали имаше некаква штета РСМ, напротив – рече Адеми вечерва во изборната дебата на ТВ21.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.