Советникот на премиерот за надворешна политика Едмонд Адеми, тврди дека Чешка, Словачка и Австрија не се единствени земји кои се спротивиле на заклучоците на Советот за ЕУ, во кои, меѓу другото, по барање на Бугарија се вметнува формулација за погрешно толкување на историјата.

-Не се само овие три земји, Австрија, Чешка и Словачка, има и други земји кои се на вакво стојалиште, но ете само овие три беа гласни во презентирање на ставот. Ставот на овие три држави околу погрешната интерпретација на историјата праќа порака во смисла, сите кои сме учеле историја знаеме дека Европа има испреплетена историја и тешко е да се дефинира што е што, и дека погрешната интерпетација може да создаде проблеми и во самата ЕУ, па покрај проблеми со буџетот, Ковид, Брегзит, да имаат потреба од отворање на други големи прашања, па пораката е дека толкувањето на историјата да се остави на историчарите, а политичарите да ја интерперитраат сегашноста и да создаваат иднина,  рече синоќа Адеми во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.