Министерството за образование како надлежен орган задоцни. Требаше веднаш да побара од факултетите, средните и основните училишта, да организираат он лајн настава барем по главните предмети, вели професорот Илија Ацевски во разговор за Слободен печат. Според него, со ваквото однесување на МОН изгубена е цела година.

МОН веднаш требаше да се мобилизира, а не да чека да изминат 10 денови и со тоа да дозволи учениците и студентите да се однесуваат како на распуст. Ги остави на милост и немилост на ситуацијата предизвикана од заразата со коронавирусот. Сега веќе е доцна. На пример одложена е испитната сесија на факултетите. За кога, нема одговор – вели Ацевски.

Според него доколку Министерството навреме ги дадеше насоките, до сега професорите ќе мораа да ги постават своите предавања он лајн и да почнат да комуницираат со студентите и учениците, бидејќи, според професорот во пензија, во ваква вонредна состојба, нема друг пат.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.