Абе духовњаци, ќе има ли граница на вашата алчност и неморал, до кога ќе седите заробени во таа двојна игра и хипокризија, да се лажете себеси, ретките чесни, бројните наивни, да ве занима само имот, пари и политика, прашува политичкиот аналитичар Ивор Мицковски по веста дека Македонската православна црква (МПЦ) ќе влегува во бизнисот со струја.

МПЦ ќе влагала во бизнис за производство на струја, ќе инвестирале во мали хидроцентрали, најштетната форма на енергетски извор, со која се уништуваат нашите реки, а граѓаните се оставаат без вода за пиење и наводнување. После бизнисот со градежништво, сега и ова. 11 години немаат завршна сметка, УЈП 2 години наводно нешто истражува, замислете, пишува Мицковски на фејсбук.

 

Posted by Ivor Mickovski on Tuesday, 22 December 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.