Неспосбноста на Заев и Филипче филувана со бугарска хуманост. Силно одекна веста дека Бугарија ќе ѝ подари на Македонија подарени вакцини. И додека народот не им верува на Бугарите ниту дарови кога носат, а го обвинува премиерот за пропуштање на шансата да обезбеди вакцини за населението, премиерот сесрдно им се заблагодарува на сите во Бугарија редум: премиерот Бојко Борисов, бугарската влада, бугарскиот народ.
Наместо да просиш, требаше на време да порачаш, му порачува еден корисник на Фејсбук.
Македонците не веруваат во добрите намери на бугарската влада. Бугарската хуманост низ нос ќе ни излезе, пишува во коментарите, но она на што обичниот човек не може да се изначуди и со одвратност го прима е огромната доза на понизност на премиерот кон Бугарите.
Ако сам себе не се почитуваш, никој друг нема да те почитува.
Образот ти го исплукаа, а ти фала им викаш. Зошто бе човек паѓаш толку ниско? Што те тера на колена да клечиш?
Не верувам во донации, кој и зошто би давал без да има корист. Па особено Бугарија. Го дигна народот на нога, не повредија, не навредија, ни плукаа по коренот, сега ќе помагаат? Ве молам, премиере, да не газите до толку и вие, не заслужуваме вакво понижување…
Свеста да му се земе на човека – понизната и сесрдна благодарност на Зоран Заев кон Бугарија, бугарскиот народ и бугарскиот премиер Бојко Борисов за донација на првите количества вакцина против ковид 19 не ја споделува и македонскиот народ. Овие коментари се извадок од стотиците негатвни коментари на објавата на премиерот дека понизно им се заблагодарил на браќата од Бугарија за помошта.
Некој кој алчно посега по она малку што ни останало од Македонија – националната гордост, корените, јазикот, не донира, тој купува, а оној кој се заблагодарува, тој продава, сметаат корисниците на Фејсбук, кои негодуваат на објавата на премиерот.
А цената колкава ќе биде? Историјата или јазикот? Не, благодарам, ниту јазикот го давам ниту историјата. Имам достоинство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.