Лагите излегоа на виделина, пропадна власта, РМ e се уште далеку од ЕУ, реагираат преку писмено соопштение до медиумите од партијата Алијанса за Албанците.

Од многуте лажни вести што ги продуцира министерството кое го раководи Артан Груби, се чини дека и самиот почна да се збунува и да верува во лагите што тој самиот ги нарачува! Иако Груби за медиумите изјави дека ќе заврши спорот со Бугарија, идниот нов премиер на Бугарија, Кирил Петков, ја отфрли можноста за укинување на ветото бидејќи според него, повеќе се прави пропаганда од  Македонија отколку преговори на овој план, се вели во соопштението на партијата.

Бугарското МНР ја отфрли и лагата дека Франција презела иницијатива за решавање на спорот, а Бугарија останува непроменета во ставот кон Македонија. Манипулирањето со ситуации е единствениот успех на пропаднатата влада на СДСМ-ДУИ, коишто по секоја цена сакаат да ја задржат власта во свои раце за лична корист. Сега, кога се наближува 14-ти, повеќе од јасно е дека  Македонија не е ни блиску до добивање датум за отворање на пристапните преговори со ЕУ. Ставовите на Бугарија во ниту еден момент не се сменија, што значи дека ветото наметнато од Бугарија ќе биде пречка уште долго –  додаваат од Алијанса на Албанците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.