Вчера, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи, беше на посета во Белград. Можеби му било мерак или љубомора кон Артан, кој беше на пречекот на Вучиќ во Табановце, или има некој друг повод, тоа не знаеме, но ова „љубов“ со Србија станува индикативно. Не поминаа ни неколку дена од кога Вучиќ си поигруваше со нашата држава со една кутија вакцини, за министерот за надворешни работи да дотрча повторно кај него, се вели во денешното соопштение на Алијанса за Албанците и Алтернатива.
Тие додаваат:
Наместо нашиот министер за надворешни работи да биде ориентиран кон Тирана и Приштина или пак кон Софија – за решавање на спорот, ова додворување кон Србија зборува дека или сакаат да го продолжат пријателството на Фатмир Бесими со српските генерали, кои извршиле злосторства во Косово, или се бара помош од Вучиќ за спасување на владата на премиерот Заев?! Или, можеби, неговата посета има некоја врска со процесот на повлекување на признавањата на Република Косово, кој е спонзориран од Вучиќ?! Друг повод не постои.
Како и да е, ова додворување кон Вучиќ, во време кога тој се заканува на Косово и, дури, изразува антиевропски тенденции, бара објаснување од министерот за надворешни работи и од неговиот шеф, Заев.
Во спротивно, молчењето – освен што остава простор за сомнежи – нѐ принудува да констатираме дека новата Југославија, за што реагиравме пред некој ден, не е идеја без содржина. Тоа е и причина што ние – како албанска коалиција – сакаме да го потсетиме шефот на нашата дипломатија, како и неговите шефови, дека тие може да ги свртат антените кон Белград, но сцените што може да ги видат на тие екрани можеби нема да им се допаднат воопшто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.