Модуларните болници во земјата се изградени со средства на заем од Светска банка, а според тендерската документација, која ја објавува Алијанса за Албанците јасно се гледа дека институциите се надлежни за заштита од пожари, а тоа се Тетовската болница и Општина Тетово.

Според третиот дел од тендерската документација – План за мониторинг, предвидено е модуларната болница да има План за заштита од пожари и спроведување мерки за заштита. Утврдено е дека општинските инспектори, директорот на болницата и одговорните лица вработени во болницата се одговорни за овие планови и мерки.

Откако општина Тетово побрза да ја тргне одговорноста од себе, прво јавно ја прашуваме градоначалничката на Тетово:
– Дали сте спровеле процедура за инспекција за заштита од пожар како што бара постапката? Ако не, зошто не?

Исто така, јавно ги прашуваме општината, болницата и сите други релевантни институции:

– Зошто немаше аларм за пожар во модуларната болница?
– Зошто во модуларната болница немаше опрема за заштита од пожар?
– Знаеме дека главен изведувач беше фирмата Брако на вашиот долгогодишен партнер Кочо Анѓушев. Дали имало подизведувачи и кои се тие?

– Особено прашуваме, кој ја инсталирал електричната мрежа?
– Дали објектот бил надгледуван и технички прифатен? Кој го направи надзорот?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.