Овој театар што се изведува во парламентот, во храмот на демократијата, е индикатор за едно кревко парламентарно мнозинство и е една анемична тентатива за дефокусирање од многуте криминални афери, целосен неуспех во менаџирањето со пандемијата и паника од политичката моќ на обединетата албанска опозиција – стои во сооштението од Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.
Тие додаваат дека учеството во собраниската седница на пратениците позитивни на вирусот и заразени со COVID 19, е уште еден скандал предизвикан на релацијата Претседател на Собрание и Претседател на Комисијата за заразни болести, Џафери-Караџовски.
Овој башибозлук на оваа двојка сведочи за хаотично управување и опасно за јавното здравје. Односно, господинот Талат Џафери на една телевизиска емисија изјави дека со негово барање, Комисијата за заразни болести составила еден посебен протокол за присуствување на болни пратеници во парламентот, потпишан од претседателот на оваа комисија, Д-р Караџовски.
Ние, Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, неколку пати побаравме оставка и распуштање на Комисијата за заразни болести затоа што проценуваме дека е комисија којашто донесува политички одлуки а не професионални. Во овој случај, нашите сомневања се дека Претседателот на Комисијата донел самостојно одлуки по наредба на Министерот, Премиерот, или Претседателот на Собранието обидувајќи се да придобијат политички поени создавајќи еден медиумски спектактл во Собрание со пратениците облечени во скафандери.
Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива уште еднаш бара оставка од комисијата и создавање на една државна комисија со строго предвидени надлежности и составена од професионалци од одговорни области, како епидемиолог, инфектолог, имунолог и микробиолог- стои во соопштението
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.