Изминативе две недели јавноста беше „преокупирана“ со содржината на првиот и вториот „исчезнатиот“ мобилен на Катица Јанева, но кога сема кај мобилните, ги заборавивме ли оние на Бојан Јовановски? Официјалното соопштение на ЈО, објавено на 16 јули 2019 година, вели дека од првоосомничениот, Боки13, одземени се два персонални компјутери и лаптоп како и поголемо количество на брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички дела. Од второосомничениот пак, Зоки Кичеец, се одземени повеќе лап-топ компјутери, документација, мобилни телефони, УСБ стикови и мемориски картички , како и поголемо количество на оружје и муниција.
Дали ЈО случајно и ненамерно го заборавило тој очигледно важен доказен материјал – мобилните телефони на Боки13, или пак воопшто не се запленети, останува да биде една мала но многу важна „мистерија“ – објави Канал 5.
Понатаму телевизијата посочува:
Телефоните на, како што вчера дознавме од Сашо Орданоски, „претставникот на сопствениците на 1ТВ“, Бојан Јовановски, кој за него до вчера беше сопственик, прв човек на таа телевизија, сигурно треба да дадат многу одговори на многу официјално непознати прашања, особено на прашањето – каква е улогата на одредениот засега официјално неименуван Јавен Обвинител кој е посочен од Вилма Русковска? Истовремено, јавноста се уште не доби одговор на прашањето – зошто синот на Катица Јанева, Лазар бил прашан каде е вториот телефон на неговата мајка?
Периодот на одмор на обвинителката Русковска со сигурност ќе ги зголеми шпекулациите кај јавноста за овој огромен скандал, подготвувајќи се за „жешката есен“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.