По жестоките реакции во македонската јавност, но и од поранешни и сегашни влијателни партиски фигури на СДСМ кои побараа оставка од актиелниот партиски лидер и премиер Зоран Заев поради неговите ставови за македонско-бугарските односи, поддржувачите на неговите политики се обидуваат да го амортизираат гневот, ширејќи лажни вести.
Така денеска преку партиски фантомски портал Регион.мк се лиферува веста којашто би требало да ѝ посочи на јавноста дека Заев наводно успеал да постигне договор со неговиот бугарски пандан Бојко Борисов со насловот коим имплицира дека наводно Бугарија усвоила декларација со којашто на Македонија ѝ се одобрува почнување преговори со ЕУ.
Меѓутоа, вистината е дека станува збор текст кој во октомври 2019 година е објавен на интернет сајтот СДК.мк
Трагикомедијата да биде довршена, дали поради неинформираност, дали поради безобѕирна убеденост дека македонскиот народ е малоумен и неписмен – веројатно имајќи се себеси како урнек – на лагата наседнаа и функционери од СДСМ па започнаа лажната вест да ја шеруваат на своите профили на социјалните мрежи. Еден од првите такви балгодарани за незаслужените позиции поддржувачи на Заев беше Ѓорѓи Галетановски – Чомбе директорот на скопската Зоолошка градина
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.