Во очаен и малоумен обид да го извадат ЗЗ од последната бомба, своеволно или наметнато учествуваат повеќе новинари и медиуми, вели новинарот Ненад Мирчевки.

Сиротиве кои очигледно решиле до крај да горат за ЗЗ одат по паметот на оние пи ар идиотите од Бихаќка кои смислиле “генијален план” дека ако се фатат за најневажниот збор од целиот разговор ќе го операт лидерот и ќе го направат чесен.
А бре лејки едни, прашајте си го лидерот зошто лажеше дека не го познавал адвокатот што посредуваше за тие 6 мил €? Зошто се плаши да го поврзат со него? Затоа што рекол мрш неќам 6 милиони или дека рекол јас ќе го преземам случајот? 🙂 Прашајте го и што ќе презел во свои раце откако ги спомна шесте милиони евра рекет? Ќе ги преземе парите или ќе го пријави адвокатот во обвинителство?, прашува Мирчевски.

Потенцира дека ако знаел дека се врши рекет и молчел во најмала рака го прави соучесник.

Што не ја прашате Русковска дали конечно допре некој глас до неа од скандалозниве разговори на Заев? Ете таа нека ви протолкува дали рекол мрш или важи 🙂. Мало сутра ќе ви одговори шутраци едни.
А вие продолжете да го браните на ваков наивен начин и правете се поглупи од него. Штом сте решиле до крај да се препелкате во лајната на вашиот лидер, ич не излагајте, затоа што очигледно таму и ви е местото, порача тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.