Демократската Унија за Интеграција го поздравува одвивањето на изборниот процес, како во првиот така и во вториот круг и оценува дека изборниот процес е успешно завршен и е во согласност со европските стандарди.
Според ДУИ, на 21 април и денес на 5 мај, Македонија покажа демократска зрелост за организирање и спроведување на европски избори, а најголеми победници се граѓаните и државата.
Ние во Демократската унија за интеграција сме исклучително задоволни од одлучувачкиот придонес на ДУИ во двата изборни круга, што го овозможија цензусот и предноста на нашиот концепт. Ќе ги чекаме официјалните резултати подоцна во текот на ноќта, но секако дека успешниот процес е извонреден резултат. Нашите првични и неофицијални проценки се дека околу 90.000 наши албански гласови го поддржаа концептот на консензус, но секако ќе направиме детална анализа на секое избирачко место во наредните денови. Сакам да изразам длабока загриженост во врска со информациите на теренот за тивок но активен и организиран бојкот од страна на експоненти на албанската опозиција, кој значително се приметува во општините со кои управуваат како Желино, Боговиње, Врапчиште и Гостивар, велат од ДУИ.
Но, и покрај овие деструктивни напори, прогресивните сили на граѓаните не дозволија кризни и злонамерни сценарија за државата и за Албанците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.