Бројот на починати од ковид-19 во Македонија достигна 800 лица, откако вчера беа потврдени уште три смртни случаи.
Последните тројца пациенти се починати во болнички услови и станува збор за лица на 48, 78 и 68-годишна возраст.
Според податоците, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21.193, а бројката на оздравени пациенти е 16.397.
Во моментот бројот на активни случаи изнесува 3.996, од кои 1.802 во Скопје, 260 во Струмица, 222 во Тетово, Кочани -213, и по над 100 заразени во Куманово, Прилеп, Штип и Делчево.
Во Скопје најмногу заразени има во Аеродром (338), Центар (328) и Карпош (317).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.