8 милијарди евра инвестиции се тркалаат низ институциите стана новото Гугл и Фејсбук чекаат на граница, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Единствено што се тркала е владата на Заев, СДИ во Македонија се и до 40 пати помалку од Србија.

Во првиот квартал од 2021 година во Македонија влегле само 25.6 милиони евра странски инвестиции, и тоа се пред се инвестиции на веќе постоечки капацитети во Македонија, кои го прошируваат своето производство, а се донесени од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

И додека ние имаме само 25.6 милиони евра странски инвестиции во Србија за истиот период влегле скоро 1 милијарда евра инвестиции.

Дека реалноста е розова е само во главата на Заев, никој повеќе не верува на тие манипулации.

Четири години слушаме дека само што не тргнало, Гугл и Фејсбук чекаат на граница и слични приказни. Истите приказни во друг формат веќе не поминуваат време е за одговорност. Време е за Македонија за сите луѓе, нагласуваат од ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.