Вкупно 113 училишта доставиле барање за одржување настава со физичко присуство до новоформираната владина комисија составена од претставници од образование и од здравство. 79 барања стигнале од основните, а 34 се поднесени од средните училишта.

Рокот за поднесување на барањата беше 10 септември, но од Министерството за образование велат дека сѐ уште пристигаат документите испратени по пошта.

Конечната одлука колку од училиштата ги исполнуваат условите за физички да ги примат учениците од четврто одделение па нагоре ќе ги донесе комисијата, во зависност од просторните и техничките можности на објектите, но и врз основа на епидемиолошката состојба со ковид-19 во општината во која се наоѓа училиштето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.