Граѓаните во Македонија сметаат дека нашата земја не е водена според волјата на народот. Во Истражување на Галуп Интернејшенел за перцепцијата на луѓето за основните демократски вредности 70% од анкетираните во Македонија рекле дека нашата земја не е водена според волјата на народот.

Од анкетираните граѓани во Македонија на прашањето „дали нашата земја е водена според волјата на народот” 29 проценти рекле дека се согласуваат со ова тврдење, а 70 проценти изјавиле дека не се согласуваат.

На прашањето дали изборите во нашата земја се слободни и фер, 49 проценти од анкетираните граѓани во Македонија се согласуваат со ова тврдење, а 45 проценти не се согласуваат, 7 проценти немаат мислење.

Галуп Интернешнл седум децении ја следи перцепцијата на луѓето во однос на управувањето и правичноста на изборите. Со истражувањето се опфатени 44 земји низ светот и околу 42000 возрасни граѓани, на национално репрезентативен примерок со околу 1000 мажи и жени кои биле интервјуирани во текот на октомври – декември 2020 година.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.