Владата донесе одлука за пренамена на дел од средствата за еднократна помош за 7.500 медицинските работници, кои вршејќи ја својата работа се директно во контакт со заразени лица со коронавирусот.
За помошта што е предвидена во последните пакети за помагање на здравствените работници не е планирано екстра дополнително за медиумски работници, полицијата, управните служби и сите коишто се директно експонирани, заради тоа што најдиректно експонирани со заразени лица се докторите, медицинските сестри, болничкиот персонал. Се работи за околу 7.500 лица, заради тоа што се проширија на нови клиники, нови амбуланти, болници и тие се директно во контакт вршејќи ја својата работа со лица заразени од Ковид-19, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашање на МИА на денешниот отчет за сработеното во првите 100 дена од мандатот на Владата.
Заев изрази голем респект за медиумите кои ризикуваат информирајќи за ковидкризата како и за полицајците, управните служби и приватните компани но, како што додаде, овој пакет на директна финансиска поддршка е за здравствени работници бидејќи се најдиректно експонирани во своето работење со заразените лица.
Владата во саботата донесе одлука за пренамена на дел од средствата за еднократна помош за медицинските работници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.