Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август заклучно со 30 декември.

Во период од6 август до 30 декември годинава на територија на државата 69.242 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 33% биле целосно вакцинирани, односно 22.996 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19.

Според статистика за изминативе недели, 46.246 граѓани, односно 67% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 30.12.2021 на територија на државата починале 2447 лица со Ковид 19, 1913 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 22% примиле вакцина.

Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон.

За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна.

Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2, велат од МЗ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.