Повеќето од граѓаните во Македонија сметаат дека земјата најлошо се справува со пандемијата од коронавирус во споредба со останатите земји од регионот, покажува анкетата на Институтот „Habeas Corpus” кој разработува прашања од правниот и политички систем.

Според анкетата на јавното мислење врз стратификуван примерок од 1.203 испитаници во периодот од 29 јуни до 3 јули 2020 година, дури 67.3% од испитаниците сметаат дека најлошо се справуваме со коронавирусот, 18 oтсто сметаат дека може подобро, додека само 7 проценти сметаат дека Македонија најдобро се справува во регионот.

Од Институтот напоменуваат дека при истражувањето се водеше сметка на етнографската карта, демографската застапеност, полот и возраста на испитаниците. Воедно се водеше сметка и при влезот на анкетниот прашалник и резултатите од последните парламентарни избори. Анкетата се спроведе телефонски со употреба на фиксната и мобилна телефонија. Резултатите се со можност за грешка +-2, нарачател на истата е Институтот „Habeas Corpus” и истите се користат за потребите на интерните истражувања од политичка и социолошка природа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.