Вкупно 62 пратеници гласаа „за“, а 32 беа „против“ и со тоа е изгласана потребата Законот за јавно обвинителство да се носи по скратена постапка.

Пратениците во Собранието вечерва на 135 седница ја изгласа потребата Предлог законот за јавно обвинителство да се носи по скратена постапка.

По ова Предлог законот треба да помине на собраниската Комисија за европски прашања, а потоа пратениците да гласаат за негово донесување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.