Лицата со попреченост да добијат ваучери од Владата за поддршка, побара на денешната прес-конференција Далиборка Златева од Здружението на лица со церебрална парализа од Велес. Тие досега не биле опфатени со ниту еден пакет мерки за финансиска помош, а бараат ваучер за набавка на лекови, здрава храна и хигиенски материјал, како и ваучер за рехабилитација, рекреација и одмор. И двата би биле во висина од по шест илјади денари.
„Никој во период од една година не помисли на категоријата лица со попреченост, што е поразително. Тие и без присуството на коронавирусот живеат во еден поинаков свет кој секојдневно им носи карантин, потреба од витамини, специјализирана храна, потреба од рехабилитација и рекреација. Во услови кога целиот свет живее во стегите на пандемијата, децата и лицата со попреченост тоа го чувствуваат двојно“, кажа Златева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.