Во изминатото деноноќие се регистирани 58 новозаразени пациенти со коронавирус во Македонија, објави „Фактор“.
Според неофицијалните извори, најголем број заразени има во скопските општини Сарај, Чаир и Бутел.
Во тек е состанок на Комисијата за заразни болести.
Ова е најголем број новозаразени со ковид-19 досега откако почна да опаѓа бројот на пред неполн месец. На 12 април беа регистирани 68 новозаразени во еден ден. Првиот случај беше регистиран на 26 февруари. Вчера Министерството за здравство информираше за тројца починати и 38 новозаразени со ковид-19.
Од среда, 27 мај Владата го укина полицискиот час кој беше на сила повеќе од два месеци, а од вчера работат кафеаните и рестораните по посебни протоколи.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.077, бројката на оздравени пациенти е 1.486, на починати е 122, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 469. Овие бројки се однесуваат на вчерашниот ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.