Дури 50 отсто од оние што се тестираат на коронавирус во Центарот за јавно здравје во Куманово излегуваат со позитивни резултати, информираа денеска надлежните.
Епидемиолошката состојба во Куманово станува загрижувачка, а надлежните допрва очекуваат бројот на нови случаи да расте.
Како што информираше епидемиологот д-р Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје Куманово, од почетокот на август регистрирани се 886 позитивни лица, од кои скоро половина во последната недела.
Само во последниот месец, од почетокот на август има вкупно 886 лица, од кои во последната недела 454 лица се регистрирани. 360 лица се регистрирнаи во Општина Куманово, осум лица од општината Старо Нагоричане и 68 во општинта Липково. Со само последните три дена веќе имаме 154 позитивни лица што станува збор за тренд на зголемување на бројот на заболени. Само за две недели промена на инциденца за 354%, изјави д-р Стаменковска.
Минатата недела починати се 16 лица од ковид-19 во кумановско, а бројот на активни случаи заклучно вчерашната статистика на Министерството за здравство изнесува 768.
Како што вели д-р Стаменковска, ако не се почитуваат мерките за заштита и апелите за вакцинација, оваа бројка ќе расте.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.