Повеќе од половина од заразените од корона вирусот се од Скопје. Според информациите на мапата за следење на состојбата со Ковид-19, 49 од оние кај кои е утврдено дека се позитивни на вирусот се од Скопје. 30 пак од оние 85 носители на овој вирус се од Дебар, двајца од Штип, двајца од Кавадарци и по еден од Охрид и Гостивар.

Министерството за здравство денеска информираше дека се регистрирани 9 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 85.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.