Охриѓанецот кој почина од британскиот сој на коронавирусот имал 46 години и не патувал надвор од земјата, пренесува „Сител“.
Пациентот имал и други хронични заболувања ж, а битката со вирусот ја изгубил уште на 8 јануари. И тој, како и другите двајца кои се заразени со новиот сој на коронавирусот, во епидемиолошките анкети навеле дека не патувале надвор од земјава. Позитивен тест добил на 4 јануари.
Официјално засега имаме три случаи кај кои е потврдена британската мутација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.