Земете учество во создавањето на новата иднина. Оваа наша генерација е таа која ќе се избори за промени, која ќе ги оствари синовите во кои сме верувале и за кои сме мечтаеле. Излезете и гласајте. Тоа е најдобар одговор и на поткупот кој го прават овие денови. 150 евра по глас кои ги нудат знајте дека тоа се вашите пари, украдени во туѓите џебови. Но зад параванот сте сами. Вие и вашето ливче, вие и вашата желба за иднина. Вие и нашата заедничка иднина. Победата е на дофат. Победата е тука. Излезноста е клучот. Тие сакате да наведнете глава, јас ви велам главата горе – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Штип.

Тој на штипјани им порача дека нивниот избор е лесе, а изборот е Иван Јорданов:

Драги пријатели, тука во Штип изборот е лесен. Актуелниот градоначалник можеби е добар доктор, но е лош градоначалник. После 17ти нека си остане доктор, а Иван Јорданов е човекот кој треба ги решава проблемите, да работи, да донесе промени, проекти и победи за Штип.
Отрфлете ја ароганцијата на актуелниот градоначалник, заокружете го бројот 7 за Иван Јорданов и листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија. Бројот 7 на 17 октомври, за два дена, носи нова иднина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.