Иако за момент помисливме дека ситуацијата барем за нијанса е подобра, сепак морам да констатирма дека се уште нема никаква промена во однос и наболничките прегледи, и на смртноста и на дневните амбулантски прегледи, изјави за Фактор д-р Гзим Нуредини, шеф на Ковид-центарот во Тетово,
Нагласува дека до утринава повторно има многу приеми, а информира и за пет починати пациенти, меѓу кои и млада жена.
Во последното деноноќие имаме 16 нови пациенти поради компликации на корона вирусот. Сега во тетовскиот ковид-центар се лекуваат вкупно 124 пациенти. За жал, од вчера наутро до денеска утринава имаме пет починати пациенти, меѓу кои млада 39-годишна жена. Кај нема има историја на ендокринолошка состојба, станува збор за тироидната жлезда, но мора да потенцирам дека нејзината претходна здравствена состојба е целосно контролирана и без никакви проблеми. Донесена е со сатурација 45, во исклучително тешка состојба и за жал по неколку дневно лекување во болницата, почина. И последните петмина починати се невакцинирани пациенти, вели д-р Нуредини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.