Со транспарент „3400 жртви, нема вакцини, Оставка Филипче“  членови на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани го пречекаа министерот за здравство Венко Филипче, на предавањето во употреба на модуларната монтажна болница во Кочани.

Членовите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ со свирежи и извици на негодување му порачаа на Филипче да си поднесе оставка поради големиот број на починати лица и немањето на вакцини за имунизација на населението.

Мирче Стојков, претседтел на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Кочани  упати критика за доцнењето во набавката на вакцини против Ковид-19 како и за кадровските, техничките и просторни недостатоци на Општата болница во Кочани.

Минитерот Филипче во краток разговор со Стојков, истакна дека токму опозицијата со блокирање на заемот од Светска банка  придонесе за пролонгирање  на планираните процеси во здравството и справување со коронакризата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.