Министерството за здравство соопшти дека се потврдени 30 нови случаи позитивни на Ковид- 19
и со тоа вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 384 лица во Македонија. Од нив 11 се починати.
Министерството за здравство информира дека во Скопје се дијагностицирани 12 нови случаи, во Куманово 8, Прилеп 9 и Крива Паланка 1.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
Скопје – 195
Куманово – 62
Дебар – 47
Штип – 15
Прилеп – 21
Тетово -13
Струга – 9
Велес – 6
Битола – 4
Охрид – 3
Кавадарци – 2
Гостивар – 1
Гевгелија – 2
Струмица- 1
Крива Паланка – 2
Кочани – 1
Во изминатото дено-ноќие направени се 342 теста, од кои: преку ИЈЗ – 177, преку Ветеринарен факултет – 20, преку Авицена – 21, преку Биотек – 24, Филип Втори (Жан Митрев) – 100.
Досега се направени вкупно 4.117 тестирања на Ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.