Ја зајакнуваме комуникацијата со родителите и старателите на учениците, со цел да добиваат податоци за активностите, успехот и поведението, на нивните деца во училиште, а овие неделни извештаи ќе може да ги гледаат со најавување во системот на е-дневник, најави вчера министерката за образование и наука Мила Царовска, на што родителите имаа многу работи да ѝ порачаат, а меѓу другото и дека – електронски дневник постои со години.

Ај не измислувај топла вода. Електронскиот дневник го има веќе со години. Не можам да се сетам точно од кога, ама со години добивам вакви извештаи за двете деца, ѝ порача мајка на министерката.

Сепак, најголемиот гнев лежи кај родителите на четврттоодделенците, кои треба да учат од дигитални учебници, но наместо децата да им се едуцираат преку електронски уред, тие се приморани да платат од свој џеб за да испринтаат комплет учебници, кој чини и до 3.000 денари. Но прашање на време е до кога ќе функционира овој начин на набавување книги, со оглед на тоа дека книжарниците и фотокопирниците веќе добиле забрана за принтање.

Реагираат и наставниците, прашувајќи: „Родителите на моите ученици немаат комјутер ниту лаптоп, како да ги информирам електронски, ако може одговорете ми?“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.