Два дена пред изрекувањето на пресудите за „27 април“ и два дена по лидерската средба Заев – Мицкоски приведен е поранешниот директор на БЈБ Митко Чавков.
Апсењето на Чавков е демант на позитивните очекувања што ги имав по средбата со Зоран Заев. Едно од клучните прашања за кои разговаравме беше токму правна држава и изгубената доверба во правото и правната држава. Песметката со политичките неистомисленици продолжува. Пред да биде објавена пресудата „27 април“ МВР издава наредба да биде приведен Митко Чавков, на истиот начин, полумафијашки, со измислена службена белешка, како што беше претходно за други двајца поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Измислена службена белешка, измислена куќа во една наша соседна држава, што демантира семејството на Чавков, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето во првиот дневник на Сител.
Она што е суштински лошо, смета Мицкоски, е што некој однапред ја знае пресудата, а од друга страна мафијашкиот пристап кога се следи лицето кое треба да биде егзекутирано, се апси, се приведува, а основа за сето тоа е симптоматична службена белешка.
Имам информации дека Митко Чавков е осуден на подолго од 14 години. Очекувам вкупната пресуда што ќе се изрече ќе биде преку 100 години за сите луѓе и ќе биде практично Нирнбершки процес, осветољубие и ништо друго, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.