На листата сведоци против обвинетите за наводно организирање на настаните од 27 април се тројца амнестирани од првиот дел од процесот. Четворица од деветте сведоци на обвинителството за организиран криминал се директни учесници во настаните. Покрај тројцата амнестирани, на списокот на сведоци се појавии еден осуден од претходното судење, кој доби „изненадувачки“ помала казни од останатите кои се осудени за овој настан. Сведочи амнестираниот Захарие Симовски, кој како обвинет изјави дека носел пиштол во Собранието. Сведок е и Александар Василевски Нинџа, кој ја доби најниската казна од 8 години затвор. Дали тој беше искористен од страна на обвинителството, да годобиесведочењето кое оди во полза на нивното обвинение, за што тој беше награден со најмала казна?! Ова е прашање кое се отвори веднаш по читањето на пресудите за првото судење за настаните на 27 април, а како поминува времето сомнежот станува се по реален.
Дали цената за амнестијата беше висока?! Едни беа задолжени да го продадат уставното име на државата, односно пратениците кои беа ослободени а кои гласаа за промена на уставното име на земјава. Овие пак имаат задача да го поткрепат празното обвинение на Обвинителството за организиран криминал и корупција, врз основа на што би се донеле пресуди за обвинетите?! Ова се само дел од многуте прашања кои се поставуваат во јавноста.
Адвокатот Јордан Апостолски, бранител на поранешниот директор на УБК во една прилика изјави дека смета дека обвинението е несериозно и тенденциозно.
Сметам дека обвинението е несериозно затоа што, пред сѐ, е насочено на тоа да се сокријат вистинските сторители и да не се открие вистината за еден од најголемите настани во поновата македонска историја. Обвинителството не направи напор да ги утврди вистинските сторители, туку најде други лица кои врз основа на сведочења на неколкумина сведоци меѓу кои и амнестирани од претходниот процес за 27 април и со нивна помош во историјата се обидува да ги впише овие лица како нарачатели. Тоа е навистина крајно несериозно, рече Апостолски.
Изборот на сведоци и начинот на кои тие беа амнестирани, односно осудени со поблага казна, отвори многу прашања и дилеми околу искреноста на овој судски процес. Откако ги амнестираа се сетија кој го договарал упадот во Собрание. Дали обвинителството работи по директива на владејачката партија?! Впролем, во еден од оние разговори на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се случна дека Специјалното јавно обвинителство работи по негова директива, па затоа и не би било изненадување тоа да е случај и соова обвинителство и овој предмет. За едни амнестија, за други енормни казни. За едни келија за други тендери. Самото ослободување на дел од оние кои се водеа за осомничени и се приведуваа, само за да гласаат за промена на Уставот, а со тоа и на уставното име на земјата, фрли голем сомнеж за работата на обвинителството.
Дали сведоците се под уцена и закана? Дали тие се користат за она што им треба – исказ во полза на обвинителството, а не во полза на вистината?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.