Од Кичевското муфтивство информираат дека ја вратиле сопственоста на дел од зелениот пазар во градот.

Во 2004 година ИВЗ муфтиство Кичево заведе судски спор за враќање во владение на дел од кичевскиот пазар, за кој, како што велат, имаат соодветни документи, тапии, дека се сопственици на 2650 метри квадратни површина.

Во 2015 година судот пресуди во полза на ИВЗ и дел од пазарот му го додели на муфтиството во Кичево, потврди за МИА секретарот муфтиството Џемаил Ахмеди и нагласи дека вчера се стекнале со имотен лист за дел од пазарот со површина од 2000 метри и допрва треба да ја комплетираат парцелата со добивање на имотен лист и за преостанатите 650 метри површина од пазарот.

Откако во 2004 година поведовме судски спор за враќање на 2 650 метри квадратни од кичевскиот зелен пазар на ИВЗ муфтиство во Кичево и за кој беше донесена правосилна пресуда во 2015 година , со што се потврди дека ИВЗ станува сопственик на овој дел од пазарот и од вчера и официјално со имотен лист е потврдено дека муфтиството во Кичево стана сопственик на 2000 метри квадратни од кичевскиот зелен пазар, нагласи скретарот на муфтиството во Кичево, Џемаил Ахмеди и, посочи дека наскоро очекуваат и преостанатите 650 метри квадратни да преминат во владение на муфтиството.

Наведе дека планираат во овој дел од пазарот да изградат катни гаражи и други содржини кои се вклопуваат во Деталниот урбанистички план, а во преостанатиот дел на кој сеуште е сопственик ЈКП„ Комуналец“ Кичево, по принципот на јавно-приватно партнерство да изградат современ градски пазар и да имаат обострана корист како муфтиството во Кичево, така и комуналното претпријатие од градот, кое по решавањето на судскиот спор располага со само 1 000 метри квадратни површина од зелениот пазар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.