Почина дваесет и шестгодишен кавадарчанец на Клиниката за инфективни болести.
Дваесет и шест годишниот пациент од Кавадарци бил хоспитализиран на Клиниката на инфективни болести и фебрилни состојби од 25 октомври. Тој имал апластична анемија и бил со тешка клиничка слика на неинвазивна вентилација со прогресивно влошување на здравствената состојба, стои во писмениот одговор до МИА од Одделение за односи со јавноста при Министерство за здравство.
Според неофицијални извори блиски до момчето, тој бил позитивен на коронавирус. Истиот извор тврди дека на клиника се лекувал и неговиот брат. Таткото на двајцата браќа се лекувал во домашни услови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.