Кривичниот суд во Скопје му определи нови 30 дена притвор на Орце Камчев осомничен во случајот „Империја” на Специјалното јавно обвинителство.

СЈО до судот доставило предлог со кој бара на осомничениот да му биде продолжен притворот за нови 30 дена, поради тоа што сè уште опстојуваат причините поради кои му била првично изречена оваа мерка за обезбедување присуство.

Камчев е обвинет за злосторничко здружување, оштетување и повластување доверители, злоупотреба на слубената положба, измама и перење пари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.