Дваесет и двегодишниот пациент од Скопје, кој е еден од шесте починати од Ковид-19 во изминатите 24 часа, имал Даунов синдром, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Пациентот, како што посочија, во тешка општа состојба бил примен на 16 јули во Градската општа болница „8 Септември“. Лекарите велат дека бил донесен во исклучително тешка состојба и многу брзо ставен на респиратор, така што целото лекување го поминал приклучен апарат за вештачко дишење. Прво му откажало срцето, па бубрезите, па откажале сите органи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.