Поранешниот британски премиер Тони Блер денеска е гостин во Македонија.Тој имаше средба со премиерот Заев.

По средбата од Кабинетот на Владата беше истакнато дека гостинот исклучително „за  значајна ја оценил иницијативата „Отворен Балкан“ и потенцираше дека целите кон кои се стреми овој проект за поврзување на регионот во заеднички пазар и на многу други нивоа ќе им донесе многу придобивки на граѓаните на Македонија, Албанија и Србија и ќе биде акцелератор на процесот за членство на овие земји во ЕУ“.

Поранешниот премиер на Велика Британија Тони Блер oфицијално во Скопје доаѓа во име на неговиот Институт за глобални промени.

Но, треба да се знае дека откако не е веќе активен во политиката Тони Блер ништо не прави за џабе. Тој сега има нова кариера и заработува како говорник на разни настани, конференции а често го викаат и влади кои сакаат да се пофалат со негово присуство.

Весникот „Индипендент“ тврди дека 20 минутен говор на Блеер чини 330.000 фунти или преведено во „наши пари“ 386.000 евра. Најевтиното обраќање на Блер чини 100.000 фунти а од говори досега има заработено 20 милиони евра.

Пред неколку години дури и Шведскиот форум за гладните морал да го откаже неговиот говор бидејќи бил прескап.

На интернет страницата peakerbookingagency.com може да се резерива настап на Тони Блер.

Букирајте го Блер за следната недела-стои во огласот.

 

Блер кој сега има 68 години беше премиер на Велика Британија од 1997 до 2007 година и во јавноста ќе биде запаметен како еден од најголемите заговорници да се бомбардира Србија во 1999 година.

Ништо поевтина не е ни неговата сопруга Чери Блер.Таа е еден од најпознатите адвокати на Островот. Таа има и своја фондација но и агенција за правни услуги. Српските медиуми пишуваа дека косовската влада и дала половина милион евра за да биде во тимот во Специјалниот суд во Хаг.

Госпоѓата Блер наводно добила и 200.000 евра од контроверзниот албански бизнизмен Резарт Тачи за да ја посети Тирана.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.