Осумнаесетгодишен пациент се најде на листата на починати од Ковид 19 денеска. А1.он неофицијално дознава дека девојката била бремена.

Станува збор за пациент кој имал повеќе хронични заболувања, пациентот доцна побарал лекарска помош и во многу тешка состојба бил хоспитализиран.

Пациентот не бил вакциниран, а според епидемиолошката анкета целото семејство било позитивно на Ковид 19, соопштија од Министерството за здравство.

Во последните 24 часа регистрирани се 256 нови случаи на КОВИД-19 од направени 2.778 тестирања. Пријавени се 31 починат пациент и 545 оздравени, информира Министерството за здравство повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.