Зелените од 17 општински организации на Демократска обнова на Македонија (ДОМ), денеска ќе побараат оставка од претсетаделката на партијата, Маја Морачанин.

17 општински организации на ДОМ, од Битола, Велес, Лозово, Кисела Вода, Гази Баба, Куманово, Прилеп, Охрид, Тетово, Гостивар, Делчево, Берово, Радовиш, Аеродром, Центар, Пробиштип и Куманово ваквото барање денеска околу пладне ќе го соопштат во Жена Парк во Скопје, спроти републичкото Собрание.

На настанот ќе зборуваат Ристенка Алтипармаковска, претседателка на општинската организација на ДОМ во Битола и Мирослав Богдановски – потпретседател на ДОМ и до недодамна пратеник во Собранието.

Неделава, од функцијата директор на Државниот инспекторат за животна средина Владата ја разреши Ана Петровска, на барање на претседателката на ДОМ, иако јавноста и невладините организации за заштита на жиквотната средина позитивно ја вреднуваа нејзината работа. Владата образложи дека директорската позиција и припаѓа на ДОМ, согласно коалицискиот договор, но не изнесе негативни критики за работата на Петровска.

Петровска и Мирослав Богдановски пред неколку месеци дојдоа во судир со политиката на Морачанин, по што тие беа разрешени од партиските функции. Бодановски потоа поднесе и оставка на пратеничката функција и се врати на старото работно место – главен инспектор во Град Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.