Почина 16-годишно девојче од тетовско Сиричино кое во тешка здравствена состојба поради Ковид било хоспитализирано во Клиниката за инфективни болести, јавува ТВ Алфа, повикувајќи се на извори од Клиниката.

За случајот пред три дена информираше и директорката на Клиниката Милена Стевановиќ. Таа рече дека била хоспитализирана во многу тешка состојба и оти клиничката слика била многу тешка.

Според информации на Алфа, починатата немала претходни хронични заболувања. Од Министерството за здравство за Алфа рекле дека повеќе информации ќе има во текот на утрешниот ден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.